Кошаркарките поразени од Белгија за крај!

204

Македонската женска кошаркарска репрезентација очекувано е совладана од Белгија убедливи 43-102 со во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2023.

Овие квалификации нашите кошаркарки ја завршуваат со скор од една победа против Босна и пет порази, и на последното место на табелата.

Лидерот во групата А, овој дуел го реши во првата четвртина која ја доби со 5-28. Во следните десет минути избраничките на Александар Ашаданов одиграа подобро, беа рамноправен противник (13-18), но негативата на одморот беше 18-46.

Не се промени ништо и во следнитре 20. минути, Белгија не се штедеше, газеше до мамксимум, во третата четвртина поведе со плус 44 (35-79). Нашите девојки се обидуваа да го поправат впечатокот, но тоа одеше тешко.

 

 

 

ПретходноСаутемптон го отпушти Џонс, размислува да го донесе Џеси Марш
СледноАтанасовска се искачи на подиум со рекорд во македонското женско скијање!