Нов гол на Елмас, нова победа за Наполи (ВИДЕО)

5239

Фудбалерите на Наполи засилено чекорат кон скудетото, а нашиот Елиф Елмас покажува дека незаслужено не добива редовна шанса во првиот тим на Спалети. И денеска на дуелот со Кремонезе, Елиф влезе од клупата и веднаш покажа дека е во топ-форма постигнувајќи нов гол за лидерот на табелата.

Наполи славеше над Кремонезе со 3:0, а нашиот „дијамант“ го постигна третиот гол за домашните. Претходно Кваратскелија погоди за 1:0 во 22′, па Осимен во 65′ зголеми на 2:0.

Елмас со еден прецизен удар од косо во 79′ минута ја запечати победата на Наполи, само девет минути откако се најде на теренот како замена за Жиелински. Ова беше шести гол за Елмас оваа сезона во Серија А.

 


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноГалтие пробал да го насамари Нагелсман со изјавите за Мбапе!?
СледноБарселона со еден гол за победа и +11 пред Реал (М) (ВИДЕО)