Саутемптон го отпушти Џонс, размислува да го донесе Џеси Марш

78

Англискиот премиерлигаш Саутемптон бележи слаби резултати сезонава и е на последното место на табелата. Па раководството одлучи да го смени и Нејтан Џонс, кој беше втор менаџер сезонава. Почна со Хазенхетл кој си замина во ноември, па седна Џонс. Поразот од Вулверхемптон ги принуди раководните луѓе да го тргнат Велшанецот кој забележа седум порази и една победа, над Евертон во јануари.

Во опција за нов менаџер на тимот е Џеси Марш кој пред една недела доби отказ од Лидс. Додека не биде договорено, со првиот тим ќе работи Рубен Селес, кој беше краткотрајно решение кога Хазенхетл доби отказ.

ПретходноДепај со деби гол за победа на Атлетико, Савиќ со трето исклучување на последните пет меча
СледноКошаркарките поразени од Белгија за крај!