Семејството на Атсу во голема болка: Подобро јас да умрев, а тој да преживее!

4880

Се уште се трага по исчезнатиот Кристијан Атсу кој по земјотресот во Турција остана под урнатините на зградата во која се наоѓаше во моментот на земјотресот. Иако клубот во еден момент објави дека тој е извлечен од урнатините, сега се огласи неговото семејство.

Сопругата Мари Клер Рупио, која ја запознал додека играше за Порто во 2012 година, не ја губи надежта, верува дека фудбалерот од Гана е жив.

„Атсу се уште го нема, не се знае каде е точно, но верувам дека се уште е жив. Се молам за него. Поднесов барање до Хатајаспор, турските власти, британската влада да обезбедат опрема. Тие не можат да навлезат длабоко без опрема, а времето истекува“, рече таа, а нејзината 71-годишна тетка беше целосно скршена:

“Подобро ќе беше да го изгубев животот, а Атсу да преживее, бидејќи тој е нашата единствена надеж“. 

Сега веќе поминаа пет дена од земјотресот, иако имаше случаи на среќни моменти, дел од луѓето беа извлечени живи од урнатините после долго време, но со секој час надежта се намалува.

ПретходноЧудото Јокиќ испиша историја, Дончиќ и Ирвинг постигнаа 55 поени и загубија (ВИДЕО)
СледноСкандал во Премиер-лига: Судијата „заборави“ да ги нацрта линиите за офсајд и брутално го ограби Арсенал!