Скандал во Премиер-лига: Судијата „заборави“ да ги нацрта линиите за офсајд и брутално го ограби Арсенал!

2567

Арсенал киксираше на „Емирати“ во 22. коло од Премиер-лигата, одигра 1-1 против Брентфорд, остана на врвот, но сега предноста пред конкурентите е помала.

Брентфорд постигна гол од офсајд. Кристијан Ногард се најде во недозволена позиција кога нафрли за Иван Тони кој постигна гол за 1-1.

ВАР го прегледа видеото. На крајот беше одлучено дека голот е легален, но беше направен сериозен превид бидејќи Норгард беше во офсајд.

Скандалозниот пропуст го направи судијата во ВАР собата, Ли Мејсон. „Заборави“ да ги повлече линиите за офсајд и со тоа ја пропушти шансата да види дека играчот на Брентфорд е во офсајд.

Ова е навистина огромен пропуст во една од најсилните лиги во светот. Арсенал беше брутално ограбен, остана без два бода кои на крајот можат да бидат решавачки за него во борбата за титулата во Премиер-лигата.

Крис Фој од Здружението на англиски судии (PGMOL) објаснува што се случило и жали што имало човечка грешка.

„Во акцијата при голот, Ногард кој беше асистент беше во офсајд. Вистина е дека ВАР не ги нацртаа линиите. Тоа се смета како грешка на човечки фактор. Доколку ги нацртаа линиите голот ќе беше поништен“, изјави Фој.

ПретходноСемејството на Атсу во голема болка: Подобро јас да умрев, а тој да преживее!
СледноНова фудбалска трагедија: 25-годишен голман починал откако одбранил пенал!