Камилчан Агдаш секако дека е дете-херој во овие ужасни денови за Турција. Имено тој беше изваден од урнатините и тоа по цели 119 часови откако се случи земјотресот. Агдаш цело време бил во дресот на Фенер со што фановите во овој клуб посебно се поистоветуваа со него.
И откако беше сместен во болница тој доби видео-повик од капитенот на својот омилен клуб Арда Ѓулер.
“Арда, ти со мојот брат, многу те сакам.Продолжи да го спасуваш Фенербахче“ му порача Агдаш на фудбалерот, а овој му одговори:
„И ти си мој брат. Не се откажа, успеа, и ни даде надеж во борбата. Многу те сакаме. Се надевам дека наскоро ќе се видиме лице во лице“.
Mesut, Arda abisi ile görüştü.
En kısa sürede bir araya da geleceğiz Mesut, sen hepimize umut oldun. 🙏 pic.twitter.com/ckKommPDzL
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) February 11, 2023