Столе Димитриевски, ако не го сметаме оној денешен пацерски гол што го прими на гостувањето кај Гетафе, важи за еден од најдобрите голмани во Ла Лига. Јасно е дека многу попознати голмани од него знаат да направат такви грешки, но никој не може да му одземе фактот на Македонецот дека брани во страшна форма.
Токму затоа тој деновиве во едно поголемо интервју за шпанските медуми а го пренесе и славниот „АС“, кажуваше за некои работи од својот живот што не се поврзани толку со фудбалот.
Тој вели дека е зависник од модата и од добро кафе:
„Да, ја следам модата, зависник сум од нејзе. Сакам да се облекувам убаво, но си имам свиј стил, за повеќето мои познаници, па и соиграчи, по малку и чуден. Не ме интересираат премногу `марки` што се вели. Сакам нешто небично“ вели Столе.
Токму затоа со него соиграчите се шегуваат…
“Ми велат дека треба да носам ортопедски чевли. Ги прифаќам како нешто нормално нивните шеги околу тоа како ги спојувам комбинациите кога се облекувам“.
Тој за „АС“ раскажа и за тоа како го побарал кардиганот на Анчелчоти.
„За мене Карло Анчелоти е голем господин, и како човек и како тренер. Токму затоа кога игравме против Реал во есенскиот декл, и кога победивме отидов до него и му го побарав кардиганот. Но немав среќа да го добијам. Можеби причината беше поразот на Реал а нашата победа. Се надевам дека кога ќе играме наскоро повторно со Реал ќе имам повеќе среќа“.
Тој не крие дека сака да се напие и убаво и квалитетно кафе:
“Кафето е мојата страст, мое хоби. Сакам да се напијам квалитетно кафе. Токму затоа неодамна си купив кафемат за 4.000 евра, се со цел во секој момент да имам квалитетно кафе“ рече покрај другото нашиот репрезентативен голман за шпанските медиуми.