Јуве со голот на Рабио до нова победа, ВАР го поништи голот на „виолетовите“ (ВИДЕО)

150

Фудбалерите на Јувентус ја остварија и втората последователна победа во Серија А, откако по триумфот кај Салернитана, денеска ја совладаа и Фиорентина со 1:0. Мечот започна жестоко, со три жолти картони во првиот половина час. Поголемата желба и упорност на домашните им се исплатеше во 34. минута кога Ди Марија испрати центаршут, а Французинот Адриен Рабио со глава ја испрати топката зад гол-линијата, што го потврди и гол-технологијата, а Јувентус поведе.

Влаховиќ во 60. минута погоди и за 2:0, но ВАР технологијата покажа офсајд позиција и голот беше поништен. Слична ситуација видовме во самиот финиш на натпреварот, кога Кастровили ја затресе мрежата на Јувентус, но судијата Фабри покажа офсајд.

Со оваа победа Јувентус се искачи на деветтата позиција во Серија А со 29 бодови, додека Фиорентина е 14-та со пет бода помалку.


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноАтанасовска се искачи на подиум со рекорд во македонското женско скијање!
СледноДебито на врвот утре, вредни победи за Работнички и Македонија Џио