Јунајтед со два гола во финишот го скрши отпорот на Лидс (видео)

110

Манчестер Јунајтед впиша нови три бода во Премиер лигата откако во 23.коло го совлада Лидс Јунајтед на „Еланд роуд“ со 2:0. Головите паднаа во последните 10 минути. Во 80 минута Маркус Рашфорд го отвори резултатот, а пет минути подоцна и младиот аргентински напаѓач Гарначо зголеми на два разлика.

Потоа „ѓаволите“ постигнаа уште два гола кои беа поништени поради офсајди, едниот на Рашфорд другиот на Вегхорст.

Манчестер Јунајтед по 23 одиграни меча е на второто место со 46 бода, а Лидс е на 17. Место со 19 бода.

 

 

ПретходноКаква чест: Аргентинците ќе го стават ликот на Лео Меси на новите банкноти!
СледноХерта ја прекина серијата од четири порази (видео)