Ана Начевска испиша историја во поразот од Белгија во „Кале“

344

Поразот од Белгија, последен меч од квалификациите за плсман на Европското првенство 2023 година, во СРЦ „Кале“ беше испишана историја.

Кошаркарката на Вардар, Ања Начевска, родена на 24 мај, 2007 година, го имаше својот прв официјален натпревар за женската сениорска репрезентација.

Со 15 години и неполни осум месеци, Начевска стана и најмладата сениорска репрезентативка на Македонија.

На средбата со силниот противник, Начевска одигра скоро четири минути, не се запиша во листата на стрелци, но затоа останува запишана во историјата на македонската женска репрезентативна кошарка, како една од најмладите која запишала настап за сениорската репрезентација.

Неколку дена порано, на натпреварот со БиХ во Сараево, своите први минути во сениорскиот национален тим ги имаше уште една млада кошаркарка – Милица Николиќ.

ПретходноТренерот на Рајо по киксот на Столе: Димитриевски ја има мојата поддршка, а колку бодови тој ни донесе! (ВИДЕО)
СледноПролет треба да биде само полесен тренинг за Вардар 1961!