Вардар 1961 лесно до бодовите, Чувара ја наполни мрежата на Пролет!

188

Екипата на Вардар 1961 ја доби битката против Пролет во последниот меч од првото коло во плеј-офот. Актуелниот македонски првак славеше со убедливи 30-23, а во центарот на вниманието беше Јан Чувара кој постигна 13 гола и беше прв стрелец на натпреварот. Ќосевски, Талески и Карапалевски имаа по четири гола, на другата страна Василевски запиша пет погодоци.

Пролет лесно не се предаде, на стартот на дуелот, поточно до пред крајот на првото полувреме беше рамноправен противник, не му дозволуваше на посилниот противник брзо да го реши мечот. Гостите имаа и водство 9-10, 11-12, по кои домашниот состав направи и серија и на одморот замина со предност од 17-14.

Веќе во продолжение сликата се промени, Вардар 1961 влезе во силен ритам. Пролет успеа само еднаш да намали на 18-17, но потоа целосно падна ритамот.

ПретходноПелистер пред нова европска задача, Валтер вели: Напорно работиме да го пронајдеме вистинскиот ритам!
СледноМЗТ Скопје според планот, со „102“ низ Кисела Вода!