Голем проблем за Борусија (Д) пред дуелите со Челзи: „Милионерите“ останаа без Мукоко

178

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко (18) ќе отсуствува најмалку шест недели oд фудбалските терени поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб, соопшти германскиот клуб.

Германскиот репрезентативец се повреди на саботното гостување кај Вердер во Бремен кое Борусија го доби со 2-0.

„Ова е тешка вест за него и за нас, особено во овој период. За жал тој нема да биде со нас некое време“, изјави спортскиот директор Себастијан Кел.

Во среда Борусија Дортмунд го има првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Челзи.

ПретходноШкендија направи изненадување победувајќи го шампионот во Струмица
СледноМанчестер Ј. без Сабицер за дуелот со Барселона