Катарски инвеститори ќе достават понуда за купување на Манчестер Јунајтед, објави влијателкиот „Скај Спортс“.
Инвеститорите поврзани со владејачкото семејство во Катар ќе ја официјализираат понудата до крајниот рок на 17 февруари. Според информацијата објавена од медиумскиот магнат, овие инвеститори на никаков начин не се поврзани со катарските сопственици на ПСЖ или со претседателот на парижаните, Насер Ал-Келаифи.
Се очекува до петок да бидат поднесени уште најмалку три големи апликации: од Џим Ретклиф (најбогатиот човек во Велика Британија), како и од саудиски и американски инвеститори. Семејството Глејзер, сегашните сопственици на Манчестер Јунајтед, бара најмалку 5 милијарди фунти за да ја предаде сопственоста на клубот.