Коста Манев потпишува за Ал Калидија од Бехреин

608

Македонскиот дефанзивец Коста Манев ќе има нов клуб и првпат ќе игра во Азија. Поранешниот фудбалер на Вардар ќе потпише за Ал Калидија од Бахреин кој во локалниот шампионат е на четвртата позиција по 12 кола и е во игра за титулата.

Според наши информации има договор меѓу двете страни, а Манев во текот на утрешниот ден треба да го комплетира трансферот во клубот од градот Хамад.

Манев е роден во Радовиш, има 29 години, а во кариерата играл за финските клубови Ванта, Викингит, Хонка, Интер Турку и Кеми, во сезоната 2018/19 играше за Вардар, а наредната сезона во Вележ од Мостар. Потоа играше за Академија Пандев, па кратко во хрватски Вараждин.

ПретходноЧешки репрезентативец се отвори: Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам
СледноВеличковски од Вардар дојде во Работнички