Спасен украински репрезентативец: Бил во клиничка смрт, неговото срце застанало три пати

444

Олег Данченко, фудбалер на Зорја од Луганск, доживеал срцев удар за време на тренинг во кампот во Турција. За негова среќа во близина биле австриски доктори кои со себе носеле дефибрилатор.

Тоа се случило на 12 февруари кога на фудбалерот му се слошило и паднал во безсознание. Австриски доктори биле во близина и со себе имале дефибрилатор кој всушност му го спасил животот.

Тие успеале да го вратат во живот затоа што за време на реанимацијата срцето му застанало три пати. Веднаш бил однесен во болница и сместен на интензивна нега. Нема детали за состојбата на поранешниот младински репрезентативец на Украина.

Данченко е играч на АЕК Атина, а сезонава игра во Зорја како позајмен. Претходно играл за руските Рубин Казан, УФА, Анжи, а во украина за Шахтјор Доњецк и Черноморец од Одеса.

ПретходноЛиверпул потсети на најдобрите денови: Деби-гол на Гакпо на „Мерсисајд дербито“ (ВИДЕО)
СледноСуарез изведе слободен удар, па влета воена полиција (ВИДЕО)