Одбојкарите на Шкендија направија изненадување во дербито на 2. коло од плеј-оф делот во домашниот одбојкарски шампионат, победувајќи го шампионот Струмица Никоб на гостински терен со 3:2. Во вистински дерби-меч кој донесе голема неизвесност во сите пет сета, тетовци имаа повеќе нерви во решавачкиот петти сет и успеаја да прокнижат важна победа, нанесувајќи му го првиот пораз на шампионот оваа сезона.
Со оваа победа Шкендија ќе влезе во рамноправна трка за привилегираната позиција во разигрувањето. Струмичките одбојкари досега имаат максимални 11 победи, вклучувајќи ја и онаа над тетовскиот ривал во есенскиот дел.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (2.коло)
Работнички 71&22 – Лирија 3:1 (25:16, 21:25, 25:17, 25:13)
Весна Пробиштип – ГОК Борец 0:3 (17:25, 13:25, 9:25)
Струмица Никоб – Шкендија 2:3 (25:18, 17:25, 21:25, 25:19, 13:15)
Табела: Струмица Никоб 11-1, Шкендија 11-1, ГОК Борец 10-2, Работнички 71&22 7-5, Лирија 6-6, Весна Пробиштип 6-6.