Англичаните го составија идеалниот тим на Југославија, во него нема ниту еден Македонец!

1692

Што би било кога било. И покрај тоа што минаа веќе 32 години од распадот на Југославија, земја која беше гигант на спортски план во Европа и светот, сепак некој не заборави да се поигрува со чувствата на оние кои никогаш не прежалија тоа што сега немаат репрезентација која е светски првак во кошарка, ракомет, ватерполо во исто време, а секако во исто време да имаат и европски клупски првак во фудбал и кошарка. Да не говориме за некои други спортови.

Денеска од Англија веста дека новинарите на “Дејли Мејл“ го составиле идеалниот состав на фудбалската репрезентација на Југославија со актуелни играчи.

Интересно, во нема место за ниту еден Македонец, па и за Елмас или Столе на пример.

А еве го составот:

Облак (Словенија), Савиќ (Ц.Гора), Миленковиќ (Србија), Гвардиол (Хрватска), Тадиќ (Србија), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија), Ковачиќ (Хрватска), Модриќ (Хрватска), Перишиќ (Хрватска), Влаховиќ (Србија), Џеко (БиХ).

Формацијата е 3-4-1-2.

Значи има од сите поранешни републики, а сега земји, од екс – СФРЈ, само не од Македонија.

ПретходноЈелена Антиќ: Се надевам дека доаѓаат подобри денови за македонската женска репрезентација!
СледноФановите на Наполи купуваат маски како таа на Осимен!