Астон Мартин и Мекларен ги преставија новите болиди (ФОТО)

174

Ф1 тимот на Астон Мартин денеска го претстави новиот болид за сезоната 2023 година.

Оваа година за британскиот состав ќе возат Фернандо Алонсо и Ленс Строл, кои се надеваат дека со новиот модел AMR23 ќе успеат многу почесто да се вклучат во битката за освојување бодови и пласман на подиумот.

Неколку часа претходно, својот нов болид го престави и тимот на Мекларен. Новиот болид го доби индексот MCL60 во чест на 60-годишнината на Мекларен. Оваа година Ландо Норис и дебитантот во Формула 1, Оскар Пјастри ќе возат за Мекларен.

ПретходноМанчестер Ј. без Сабицер за дуелот со Барселона
СледноИнтер без голови против Сампдорија, веќе се прости со Скудетото