Готово е: ПСЖ одлучи за судбината на Нејмар!

839

ПСЖ во оваа 2023 година игра очајно, атмосферата е повеќе од лоша во соблекувалната, секој со секого се расправа, но она што го направил Нејмар на последниот состанок меѓу играчите и спортскиот директор Луис Кампош, ја прелило чашата што се вели.

Па така првите луѓе на клубот, барем според денешните пишувања на медиумите во Франција, одлучиле дека е време за разделба и дека во јуни ќе биде ставен на трансфер листа, дека на него ПСЖ по завршувањето на сезоната, нема да смета.

Сепак не се знае уште колку клубот од Париз ќе бара отштета ако се знае дека тој дојде во ПСЖ за сеуште рекордни 222 милиони евра.

ПретходноАлек Бецвиновски: Македонец од Австралија е новата надеж на Мелбурн Сити, го каниме да игра за нас!
СледноЈелена Антиќ: Се надевам дека доаѓаат подобри денови за македонската женска репрезентација!