Леброн Џејмс беше ВИП гостин на Супер Боул 57, во кој Канзас Сити ја победи Филаделфија со 38:35. На овој натпревар „Кралот“ имаше „пресметка“ со навивачите и на крајот излезе како победник против над 60.000 луѓе кои го исвиркаа кога се појави на големиот екран.
Навивачите на двата тима го испратија Џејмс со огромни свирежи. Се слушнаа некои навреди, но потоа Џејмс направи незаборавен потег за кој долго ќе се зборува. Кога сфати дека не е добредојден меѓу фановите на Суперболот, Џејмс решил лично да се справи со нив. Тој со рацете сигнализираше дека ја става круната на главата, по што доби нови свирежи.
They boo’ed LeBron and he put the crown on his head 😂👑 pic.twitter.com/EdBRJ7L6E7
— Complex Sports (@ComplexSports) February 13, 2023