Ако минатата недела најави, сега веќе и потврди, а тоа е дека Здравко Мамиќ нема веќе ништо да биде во Динамо Загреб. Дека се простува од “неговиот“ клуб, но и дека се простува воопшто од фудбалот.
Имено познато е дека Мамиќ, творецот на силниот Динамо, веќе неколку години е во бегство од правдата во БиХ.
За тамошните медиуми Мамиќ изјави:
„Со ова интервју и дефинитивно се простувам од Динамо и од фудбалот воопшто. Да не беше смртта на Чиро Блажевиќ ќе свикав прес-конференција и на неа ќе ја објавев мојата одлука. Но сега емоционално не сум во состојба тоа да го правам, па ова интервју нека биде мојот крај со Динамо и со фудбалот. Исто така сакам да кажам дека никогаш нема да се вратам во Хрватска“ изјави покрај другото Мамиќ.