Катарци до петок ќе поднесат понуда за купување на Манчестер Ј.

392

Катарски инвеститори ќе достават понуда за купување на Манчестер Јунајтед, објави влијателкиот „Скај Спортс“.

Инвеститорите поврзани со владејачкото семејство во Катар ќе ја официјализираат понудата до крајниот рок на 17 февруари. Според информацијата објавена од медиумскиот магнат, овие инвеститори на никаков начин не се поврзани со катарските сопственици на ПСЖ или со претседателот на парижаните, Насер Ал-Келаифи.

Се очекува до петок да бидат поднесени уште најмалку три големи апликации: од Џим Ретклиф (најбогатиот човек во Велика Британија), како и од саудиски и американски инвеститори. Семејството Глејзер, сегашните сопственици на Манчестер Јунајтед, бара најмалку 5 милијарди фунти за да ја предаде сопственоста на клубот.

ПретходноРенџерс му дозволи на противникот да даде гол во име на фер-плејот (видео)
СледноШкендија направи изненадување победувајќи го шампионот во Струмица