Ливерпул потсети на најдобрите денови: Деби-гол на Гакпо на „Мерсисајд дербито“ (ВИДЕО)

291

Конечно и Ливерпул да одигра еден добар меч во Премиерлигата. Вечерва фудбалерите на Јирген Клоп го совладаа Евертон со 2:0 (1:0) на „Енфилд“ во 23. коло од Премиер лигата.

Домаќинот рано воспостави контрола врз натпреварот. Имаа повеќе од 80 проценти посед, но немаше поголеми закани кон голот на Џордан Пикфорд. Првиот гол дојде во 37. минута кога Гостите изведоа корнер, по што херојот од „Гудисон“ во дуелот со Арсенал, Џејмс Тарковски ја погоди стативата. Во продолжението од акцијата топката се одби до Нуњез кој комбинираше со Салах и потоа како брз воз тргна во контра со уште четворица соиграчи. За десет секунди се најде во шеснаесетникот на противникот, погодувајќи за 1:0.

 

На стартот на вториот дел Енди Робертсон извлече нова контра, го проигра Арнолд, а овој на втората статива го пронајде Коди Гакпо, кој лесно погоди за 2:0 и свој дебитантски гол во Премиерлигата.

 

За Ливерпул е важно и што на овој меч се вратија Диого Жота и Роберто Фирмино.


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноИнтер без голови против Сампдорија, веќе се прости со Скудетото
СледноСпасен украински репрезентативец: Бил во клиничка смрт, неговото срце застанало три пати