Манчестер Ј. без Сабицер за дуелот со Барселона

326

На официјалната веб-страница на УЕФА денеска е потврдена информацијата дека новото засилување на Манчестер Јунајтед, Марсел Сабицер нема да може да му помогне на својот нов тим на првиот натпревар од 1/16-финалето на Лигата на Европа против Барселона, кој е закажан за в четврток.

Сабицер доби трет жолт картон на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите со Баерн и требаше да го пропушти првиот плеј-оф меч со ПСЖ, но по позајмица во Манчестер Јунајтед, суспензијата му е префрлена во Лигата на Европа.

ПретходноГолем проблем за Борусија (Д) пред дуелите со Челзи: „Милионерите“ останаа без Мукоко
СледноАстон Мартин и Мекларен ги преставија новите болиди (ФОТО)