Последниот меч од првото коло во плеј-офот ќе се одигра денеска. Во СЦ „Јане Сандански“, Вардар 1961 е домаќин на Пролет. Со оглед на тоа дека гостите останаа без неколку ракометари, актуелниот македонски првак не би требало да има проблем за да дојде до првите бодови во последната фаза од битката за титулата.
„Црвено-црните“ исто како и најголемиот конкурент за пехарот стартуваа со максимални три бода, но за разлика до Пелистер имаа максимален ефект.
Мечот е закажан со почеток во 18 часот, влезот е слободен.
Претходно Тиквеш и Алкалоид одиграа реми (31-31), Пелистер 2 беше совладан дома од Охрид со 23-26, додека Бутел на домашен терен беше поразен од Пелистер со 23-27.