Вчера Ренџерс го постигна еден од најспорните голови во шкотскиот шампионат, но потоа се извини со тоа што му дозволи на противникот да постигне гол. Во мечот од осминафиналето на Купот на Шкотска против второлигашот Патрик Тисл резултатот беше 1:1 по 70 минути игра.
Тофаш Малик Тилман ја украде топката од дефанзивецот Кевин Харт, го издрибла голманот и даде гол. Проблемот настана кога сите стоеја на теренот, а дефанзивецот на Патрик се обиде да ја врати топката на играчите на Ренџерс. Претходно Тилман се жалеше на фаул и играчите на Ренџерс ја шутнаа топката во аут за да му биде укажана медицинска помош.
По изведениот аут, еден од дефанзивците на Патрик се спремаше да ја шутне топката на половината на Ренџерс, но Тилман му ја украде од нозе, истрча сам и даде гол за 2:1. Тоа доведе до кошкање меѓу играчите, а фудбалерите на Партик му се нафрлија на Тилман.
Судијата го призна голот затоа што се беше регуларно. Потоа менаџерот на Ренџерс, Мајкл Бејл им нареди на играчите да ги остават противничките играчи да тргнат од центарот на теренот и да постигнат гол за изедначување за да биде задоволена правдата. Скот Тифони истрча напред и го изедначи резултатот.
До крајот Ренџерс стигна до уште еден гол и до победа од 3:2. По мечот Тилман изјави дека не знаел што се случувало додека тој лежел на теренот повреден. Не знаел дека требало да ги остави играчите на Патрик да ја предадат топката на фудбалерите на Ренџерс.
Stop what you’re doing right now and watch this! 🤯
Malik Tillman gives Rangers the lead in controversial circumstances which infuriates the visitors 😠
Michael Beale then steps in and orders his side to allow Partick Thistle to score 👏🔵#ScottishCup | @ScottishCup pic.twitter.com/iUOtLalNGO
— Viaplay Sports UK (@ViaplaySportsUK) February 12, 2023