Тренерот на Рајо по киксот на Столе: Димитриевски ја има мојата поддршка, а колку бодови тој ни донесе! (ВИДЕО)

4304

Сосема неочекувано, но и на најдобрите тома може да им се случи, Столе Димитриевски вчера навистина направи голем кикс кога просто на екипата на Гетафе и подари гол, при резултат 0:1 за неговиот Рајо Ваљекано.

Е, сега, ретко кој ќе каже дека по тој кикс, во самиот финиш на мечот Македонецот со две фантастични одбрани го спаси Рајо од пораз.

По вчерашниот натпревар неговиот тренер Андони Ираола му даде целосна поддршка на Македонецот, кој оваа сезона е еден од најдобрите голмани во Ла Лига:

Видете, такви работи се случуваат во фудбалот, тоа е игра во која секој може да погреши, па и Димитриевски. Ние на загубивме заради тој момент. Столе Димитриевски ја има мојата целосна поддршка. Не заборавајте само колку тој ни донесе бодови со своите одбрани сезонава“ рече покрај другото Ираола.

ПретходноГо исвиркаа над 60.000 навивачи, Леброн им врати со еден потег (ВИДЕО)
СледноАна Начевска испиша историја во поразот од Белгија во „Кале“