Фановите на Наполи купуваат маски како таа на Осимен!

333

И дефинитивно Наполи на Елиф Елмас е пред освојување на титулата во Серија А. Сега не се прашува дали наполитанците ќе бидат шампиони, туку во кое коло ќе ја освојат титулата.

Во градот под Везув врие, сите со нетрпение го исчекуваат следниот меч на своите миленици. Секоја чест за сите фудбалери на стратегот Лучијано Спалети, но еден фудбалер е вистински миленик на фановите на овој клуб, а тоа е Нигериецот Виктор Осимен кој просто блеска сезонава.

Токму затоа фановите на Наполи редовно го купуваат дресот со неговото име и број, но исто купуваат и реплика од маската која Осимен ја носи кога игра фудбал.

Маската веќе стана заштитен знак не само на играчот туку и на сите фанови на Наполи.

ПретходноАнгличаните го составија идеалниот тим на Југославија, во него нема ниту еден Македонец!
СледноШкупи го прати Ферати на позајмица во Победа!