Халанд бесен и разочаран од потегот на својот соиграч, Пеп со коментар: Не знам зошто се случи тоа!

4843

Фудбалерите на Манчестер Сити на домашен терен ја совладаа Астон Вила со 3-1 во меч од 23. коло во Премиер-лигата. Победата на „граѓаните“ ја одблежеа повредата на најдобриот фубалер, Ерлинг Халанд. Норвежанецот беше во центарот на вниманието бидејќи во финишот на првото полувреме не го изведе пеналот за Сити, а Пеп Гвардиола се обиде да даде објаснување.

До топката во првиот момент беше Халанд, но на крајот ја однесе Махрез кој постигна гол. Многумина шпекулираа дека Халанд не го извел пеналот бидејќи веќе покажа дека има проблем со повреда, но се покажа дека тоа не е вистина и дека норвешкиот напаѓач е разочаран што Махрез му ја украл топката.

Халанд на крајот остана во соблекувалната поради повреда, но англиските медиуми пренесуваат дека бил разочаран што соиграчите не го почитувале фактот што е избран за прв изведувач на пенали во Манчестер Сити.

„Инаку, Ерлинг е првиот изведувач на пенали и тоа не е тајна. Но, Махрез секогаш сака тој да биде тој и кога се изведува пеналот секогаш е некаде околу топката. А Родри беше вклучен во сето тоа… Не знам зошто се случи тоа. Ќе разговарам со нив утре. Ми се допаѓа кога играчите сакаат да шутираат пенали, но ние секогаш имаме лидер за овие работи, а за нас тоа е Ерлинг“, изјави Гвардиола.

ПретходноАлегри ја „изгуби главата“, тргна кон еден навивач: Ајде дојди…(ВИДЕО)
СледноЕмотивен потег на Елмас – голот го посвети на настраданите жртви во Турција (ВИДЕО)