Чешки репрезентативец се отвори: Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам

299

Чешкиот фудбалски репрезентативец Јакуб Јантко сними емоционално видео во кое признава дека е хомосексуалец.

Јас сум Јакуб Јантко. Како сите други, имам сила, имам слабост, имам фамилија, имам пријатели. Имам работа која долги години ја работам најдобро што можам, сериозно, професионално и со страст. Како и сите други, и јас сакам да го живеам животот во слобода без страв, без предрасуди, без насилство – но со љубов.

Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам“, нагласи фудбалерот.

Јантко игра за Спарта Прага, за Чешка има 45 натпревари и четири гола.

Играчот од средниот ред во кариерата играше за Удинезе, Асколи, Сампдорија, шпански Хетафе, а од минатата година е во Спарта Прага.

ПретходноШкендија го потврди заминувањето на Нафиу во Кошице
СледноКоста Манев потпишува за Ал Калидија од Бехреин