Шкендија го потврди заминувањето на Нафиу во Кошице

245

Крилниот фудбалер Валмир Нафиу ја напушти Шкендија и вториот дел од сезоната ќе ја помине во словачкиот клуб Кошице како позајмен фудбалер. „Црвено-црните“ од Тетово се согласија да го пуштат искусниот играч во словачкиот второлигаш потпишувајќи договор до 14 јуни 2023 година.

Нафиу е дете на Шкендија, а во кариерата бил во неколку клубови во странство меѓу кои Базел, Хамбургер, АПОЕЛ Никозија, Скендербег, а во македонскиот шампионат играл за Ренова, а во 2018 година се врати во Шкендија.

ПретходноИН МЕМОРИАМ (Зоран Поповски 1968-2023)
СледноЧешки репрезентативец се отвори: Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам