Шкупи го прати Ферати на позајмица во Победа!

617

Бесник Ферати (22), младиот стопер на Шкупи, во пролениот дел ќе го носи дресот на Победа. Имено Ферати, кој во минатото бил член на сите наши младински репрезентации, со цел да има што поголема минутажа, во следните шест месеци ќе биде од тиомот на прилепскиот прволигаш.

Секако дека ова е засилување за редовите на Победа ако се знае дека во зимскиот преоден рок остана без најдобрите, а тимот полека се „крпеше“ за она што ги очекува прилепчани напролет во битката за опстанок.

Инаку Бесник Ферати пред да се врати на Чаир пред една година, клуб во кој и ја започна својата кариера, беше член на А.Пандев, Партизани Тирана.

ПретходноФановите на Наполи купуваат маски како таа на Осимен!
СледноШекил О`Нил: На моите деца им велам дека ние не сме богати, туку јас сум богат…нема да им оставам ниту цент!