Вака изгледаше „Пољуд“ по повод 112-тиот роденден на Хајдук (видео)

183

Популарната навивачка група „Торцида“ вечерва во 19 часот и 11 минути организираше величенствена бакљада околу стадионот „Пољуд“ со што го одбележа 112. роденден на фудбалскиот клуб Хајдук.

Приказната за Хајдук почнува на 13 февруари 1911 година кога четворица сплитски студенти Вјекослав Иванишевиќ, Фабјан Калитерна, Лусијан Стела и Иван Шакиќ, со помош на Владимир Шотра и професорот Јосип Барач го формирале фудбалскиот клуб Хајдук. Тој е спортски првенец на градот Сплит воедно и симбол на овој град на Далмација и на Хрватска.

ПретходноМЗТ Скопје според планот, со „102“ низ Кисела Вода!
СледноПетковски заврши со Ботошани, но останува во Романија