Работнички доведе уште еден млад и талентиран фудбалер во своите редови, а тоа е напаѓачот Никола Величковски.
Тој доаѓа од Вардар, каде ја мина младинската школа, а имаше промоција и во сениорскиот погон.
Никола Величковски потпиша тригодишен договор со ФК Работнички. 17-годишниот напаѓач е голема перспектива на македонскиот фудбал, а Работнички секогаш им дава шанса за докажување и усовршување на младите таленти.