Елиф Елмас со еден прецизен удар од косо во 79′ минута ја запечати победата на Наполи против Кремонезе, само девет минути откако се најде на теренот како замена за Жиелински. Ова беше шести гол за Елмас оваа сезона во Серија А.
Македонскиот репрезентативец голот ја посвети на сите настрадани во силниот земјотрес во Турција. Со со раце го прикажа знамето на Турција како знак за поддршка кон сите кои ги изгубија најблиските во големата катастрофа.
Elif Elmas ve Ay Yıldız 🇹🇷 pic.twitter.com/8wVM4ejJM3
— Numan Sakar (@_numansakar) February 12, 2023