Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина новинарот на порталот Спортманија, Зоран Поповски.
Поповски во спортското новинарство беше повеќе од две децении, работеше и за нашиот медиум „Спортмедиа“, како и за „Дневник“, „Македонски спорт“, „Република“.
Зоки ќе биде запаметен по неговата голема љубов кон фудбалот, како голем работник и одличен колега и соработник.
Редакцијата на Спортмедиа со голема тага ја прими оваа шокантна вест. Изразуваме сочувство до семејството на Поповски.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, телото ќе биде изложено во капелата од 14 часот.
Почивај во мир Зоки!