Романскиот прволигаш Ботошани денеска објави дека ја раскинува соработката со нашиот интернационалец, Петар Петковски.
Некогашниот првотимец на Вардар и Работнички, заминува од Ботошани по 1,5 година помината во дресот на овој клуб, но нема да си замине од Романија. Според последните вести, тој веќе се договорил со второлигашот Конкордија каде ќе го помине вториот дел од сезоната.
Петковски одигра 29 натпревари за Ботошани од кои 10 првенствени и три куп-меча. Новиот клуб Конкордија моментно е на 9. место во романската Втора лига и до крајот на сезоната ќе се бори за место во плеј-офот и разигрувањето за пласман во елитата.