Спалети: Елмас е пример, понекогаш жалам што не го ставам од почеток!

3713

Елиф Елмас вчера повторно се запиша во листата на стрелци. Наполи славеше над Кремонезе со 3:0, а нашиот „дијамант“ го постигна третиот гол за домашните. И овој пат македонскиот репрезентативец влезе од клупата и покажа дека во топ форма, а тоа го потврди и неговиот тренер, Лучано Спалети.

„Елмас е „голгетер“ кој доаѓа од клупата. Тој е пример каков што има многу во овој состав. Клучот за неговите добри игри е напорната работа. Елмас секогаш покажува дека заслужува да игра, понекогаш жалам што не го ставам во стартниот состав.

Во оваа група има добри момци кои се одлични професионалци кои се подготвени да уништат се на терен за да ги добијат резултатите што ги постигнуваме“

„Размислуваме натпревар по натпревар. Нема други мисли кои можат да не натераат да го оттргнеме вниманието од она што го сакаме. Размислуваме гледајќи го секој детал, размислувајќи само и исклучиво на сегашноста“.

ПретходноСе сеќавате на Вилфред Бони? Екс-напаѓачот на Сити ќе игра во Боливија
СледноСпектакл, Супер Болот решен во последните секунди: Канзас Сити го освои трофејот (ВИДЕО)