Денеска во „Мерибел“ се одржа мешан тимски паралелен слалом во кој за првпат на тронот се искачија Американците. Тимот составен од Томи Форд, Кети Хенсен, Паула Молтцан, Нина О’Брајан, Ривер Радамус и Лук Винтерс го донесе првиот златен медал за Соединетите Американски Држави на Светските првенства во алпско скијање.
Второто место го освои довчерашниот светски првак Норвешка, додека третото Канада која го освои првиот медал на шампионатите во оваа дисциплина.
🇨🇦🥉BRONZE FOR CANADA🥉🇨🇦
The ski party continues for Canada in France as Jeff Read, Erik Read, Britt Richardson and Val Grenier win bronze in the mixed team parallel.
Canada’s third medal of the world championships, and a pretty unexpected one too.
— Ben Steiner (@BenSteiner00) February 14, 2023