Култниот тим на Ферари денеска во својата база во Маранело го претстави својот нов “СФ-23“ болид со кој во претстојната сезона во Формула 1 ќе оди по титулата, барем такви се најавите.
Секако дека прва цел е да може да му парира на Ред Бул, откако во минатата сезона беа направени неколку стратешки грешки.
“Најважно за нас е што Ферари е во првите редови. Не е тајна дека минатата сезона имавме проблеми со моторот, но сега завршивме сериозна работа со новиот болид“ истакнаа од Ферари.
Инаку последната титула на тимот од Маранело беше онаа на Кими Раиконен во 2007 година, а последната конструкторска следната година.
И во новата сезона за Ферара ќе возат Шарл Леклер и Карлос Саинц.
Meet SF-23, #Tifosi!
Introducing our 2023 challenger 🏎 #SF23 pic.twitter.com/O9uNS7mAIC
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 14, 2023