Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди стана хит на социјалните мрежи откако Бенфика објави видео од вчерашниот тренинг и покажа каква магија направи овој Аргентинец.
Отаменди е познато име во светот на фудбалот. Од септември 2020 година настапува за Бенфика каде пристигна за 15 милиони евра по пет сезони поминати во Манчестер Сити.
Пред два месеци го освои Светското првенство во Катар со Аргентина, а после тоа изјави дека постигнал се за што сонувал во кариерата и дека може мирно да се пензионира. Сепак, тој се уште не размислува за пензија и целта му е да ужива што повеќе додека е уште на теренот.
Бенфика се подготвува за осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите против Клуб Бриж и според многумина се фаворити за пласман во следната рунда.
Фудбалерите на Бенфика вчера го одработија последниот тренинг пред патувањето во Белгија, а главна тема беше токму Отаменди, бидејќи никој не можеше да поверува што изведе Аргентинецот.
Тој постигна неверојатен гол со пета на тренинг и дури ни тој не можеше да поверува што направи. Вакви голови не гледаме на натпреварите, а дури ретко се случува да видиме таква мајсторија на тренинзите, што доволно говори за каков потег се работи.
Ce but incroyable de Nicolás Otamendi lors de l’entraînement avec le Benfica Lisbonne. 🤯
(🎥 @B24PT) pic.twitter.com/u8KH9dk4cw
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) February 14, 2023
Ce but incroyable de Nicolás Otamendi lors de l’entraînement avec le Benfica Lisbonne. 🤯