Тројниот олимписки шампион и поранешен ракометар на ПСЖ и на Сиудад Реал, Лук Абало објави дека на крајот на оваа сезона ќе се пензионира од професионално играње на ракомет. Екс-десното крило на францускиот национален тим реши да се повлече откако во последните дваесеттина години освои се што можеше да се освои.
Тој ќе ја одработи сезоната во Зикстар Токио и потоа ќе оди на заслужен одмор. Абало е легенда на францускиот ракомет и за националниот тим постигна 859 голови на 289 натпревари – освен што беше троен олимписки шампион беше троен европски и светски првак.
Во текот на кариерата играше уште и за Иври и Елверум.