Кизиќ го спаси Е. Пелистер: Битолчани „извадија“ бод против Агуаш Санташ

157

Е. Пелистер по вторпат сезонава во ЕХФ Европската лига одигра нерешено, овој пат пред битолската публика на мечот со Агуаш Санташ – 27:27. Во меч во кој домашната публика очекуваше победа, пелистерци од континуирана предност во три четвртини од мечот, на крајот спасуваа бод.

Натпреварот почна со израмнета битка. Гол за гол се играше во воведните 8 мунути кога резултатот беше 3:3. Е. Пелистер за првпат се одвои на два гола разлика со голот на Хенеберг во 13. минута за 6:4, по што Костески од контра успеа да ги донесе битолчани и до 7:4. Гостите до 20. минута успеаја да се вратат со серија и да дојдат до ново израмнување 8:8.

Нашиот вицепрвак успеваше да одржи ритам и повторно се врати во предност од два гола разлика (11:9), за до крајот на првиот дел битолчани да добијат шанса да играат и со двајца играчи повеќе на теренот, но наместо да ја зголемат предноста, Португалците дојдоа до минус еден на пауза – 14:13.

Слична слика и на стартот на вториот дел. До петтата минута во вториот дел Е. Пелистер ја одржуваше предноста (16:15), а потоа успеа да дојде и до плус 2 (18:16), но гостите брзо ја санираат играта и се враќаат во егал до средина на вториот дел – (19:19).

Во моментите кога Е. Пелистер се обидуваше да ја смири играта и да го одржи водството, гостите со серија од 2:0 дојдоа до прва предност на средбата (20:21), која потоа ја зголемија и за 20:22, што резултираше со тајм-аут на тренерот на битолчани Валтер.

Резултатски не видовме промена, затоа што Португалците во финалните 10 минути влегоа со предност и од три гола, па во моментите кога можеа и да го решат мечот на сцена стапи Кизиќ кој со неколку интервенции го одржа Е. Пелистер во игра и дозволи на 5 минути пред крајот домашните да дојдат до израмнување за 25:25. Португалците мудро успеаја да влезат во последната минута со предност од 27:26, па Пешевски доби удар од 7 метри кој успеа да го реализира за израмнување. Во последниот напад на гостите, нова брилијантна интервенција на Кизиќ кој не дозволи гостите да заминат со победа од Битола.

Радовиќ со 5 и Пешевски со 4 гола беа најефикасни кај битолскиот тим, додека кај гостите Да Силва заврши со 7 погодоци.


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЧави им дал одмор пред Манчестер Ј., но играчите сами дошле на тренинг
СледноТен Хаг во прашалници: Како против Барса? Двајца суспендирани, петмина повредени