Само еден гол на двата меча од осминафиналето во Лигата на шампионите по првите 45 минути. Милан со погодокот на Брахим Диаз во 7. минута води против Тотенхем со 1:0, додека во Париз полувремето заврши со почетните – 0:0.
Милан ја искористи една од двете најдобри шанси во првиот дел и брзо успеа да поведе. Тео Ернандез заврши половина од работата со пробивот пред голот на гостите, а упорниот Диаз по два обиди успеа да ја смести топката зад грбот на Фостер.
Во Париз доминација на Баерн (М). ПСЖ цели 45 минути не упати ниту еден шут кон голот на баварците, кои, пак, во 10 наврати успеаја да бијат кон Донарума. Од нив во два наврати Кимих и Чупо-Мотинг имаа одлични шанси, но не реализираа.