По долга, долга пауза. И тоа од ноември, еве конечно денеска продолжува најквалитетниот европски клупски фудбал, и тоа со мечевите од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Два меча, од кој е едниот е мега – дерби во Париз, додека вториот се игра во Милано, и двата со почеток од 21 часот.
ПСЖ против Баерн Минхен е еден од дерби дуелите во оваа фаза. Ова е реприза на финалето на ЛШ во 2020, кога со голот на Комен тимот од Германија славеше со 1:0 и ги расплака “светците“.
Секако дека се очекува мега – спектакл на „Паркот на принцовите“. Во тимот на Галтие се очекува да се најдат и „повредените“ Мбапе и Меси, не знае само што ќе биде со Нејмар. Додека кај “баварците“ во “аут“ се Мане, Ноер, Мазрауи…
Се надеваме на беспоштедна битка, и вечерва, но и во реваншот на „Аијанц Арена“ во Минхен.
Вториот меч вечерва од оваа фаза во ЛШ се игра на “Сан Сиро“ во Милано, каде шампионот на Италија, тимот на Милан го дочекува составот на Италијанецот Антонио Конте.
Ако се гледа според моменталната форма веројатно “спарси“ се фаворити на хартија,но кој може така лесно да го отпише Милан.
И во двете екипи ќе недостигаат неколку стандарни првотимци.
Време за шоу, време е за најквалитетниот фудбал.