Навивачите на Партизан „заробени“ во Молдавија: Ако утре Путин испрати проектил, ќе умрете овде!

592

Навивачите на Партизан се заробени на аеродромот во Молдавија бидејќи од оваа земја мислат дека сакаат да им помогнат на Русите. Партизан во четврток гостува кај Шериф во осминафиналето од Конференциската лига, а „Гробари“ беа запрени на пат кон земјава поради напнатата политичка ситуација.

Во Кишињев пристигнаа 12 Срби. Граничната полиција не им дозволила влез во Молдавија, а се е поврзано со стравот на Русите.

„Ни ги одзедоа пасошите и ни беа предадени документи на молдавски јазик кои бараат да ги потпишеме. Дојдовме само со една цел, а тоа е да му дадеме поддршка на Партизан во најважниот европски натпревар. На крајот се соочивме со потсмевни коментари од типот: Ако утре Путин испрати проектил, ќе умрете овде!?

Зошто да умреш овде? Умри во својата земја. Очекуваме помош од Србија и се надеваме дека ситуацијата ќе се реши што е можно поскоро. Повторувам, сакаме само да го бодриме нашиот Партизан во четврток навечер“, изјави навивачката која се претстави како Мирјана, пренесува b92.net.

Се ќе биде појасно денеска, а ФК Партизан веќе реагираше синоќа, како и домаќинот на натпреварот Шериф.

Последната вест е дека фановите денеска ќе треба да чекаат одлука во утринските часови.

Молдавија одбива да ги плати трошоците за депортација, а навивачите не сакаат да потпишат никакви документи бидејќи тврдат дека не прекршиле никакви закони.

ПретходноАргентинецот стана хит на социјалните мрежи, постигна гол кој ретко се гледа (ВИДЕО)
СледноНАГРАДНАТА ИГРА „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk ВЛЕГУВА ВО ФИНАЛЕ