Навивачите собраа 650.000 евра и спречија стадионот да им носи спонзорско име

1169

Навивачите на Ајнтрахт од Брауншвајг собраа 652.400 евра за финансиски да му помогнат на клубот и го задржаа изворното име на стадионот, а не да го продадат на некој спонзор. Целиот износ ќе го донираат на клубот со што успеаја да спречат стадионот „Ајнтрахт стадион“ да го смени името поради финансиски бенефит.

Во акцијата учествувале 2773 навивачи, што значи дека во просек секој од нив донирал повеќе од 200 евра за една година.

Ентузијазмот не беше присутен на почетокот на кампањата, туку времето. Сите напорно работеа измината година, тука беа и волонтерите, а се надевам дека во иднина ќе стане јасно каква вредност има името за целиот наш град и клубот за нашите навивачи“, изјави водачот на навивачката група Ерик Либернехт.

Ние сме единствениот клуб во германскиот фудбал чие име може да се најде и во името на стадионот“.

Во иницијативата учествуваа и фудбалери, како и претседатели, сегашни и поранешни.
ФОТО: https://eintracht-stadion.com/de/home.html

ПретходноВАУЧЕРИ 2023: Најмногу пари за РФМ, повторно нема ни денар за ФФМ
СледноЛШ: СТАРТНИ СОСТАВИ – Милан почнува со Жиру и Леао, Кулушевски стартер, Ришарлисон на клупата на Тотенхем