ПМФЛ: Пролетниот дел стартува со супер-дербито Шкупи-Шкендија во Кичево, нема меч во сабота!

1154

Претстојниот викенд, на 19 февруари, стартува пролетниот дел од сезоната 2022/23 со мечевите од 19.коло. Сите се закажани за во недела, значи нема саботен меч, и тоа со почеток од 14 часот.

И веднаш мега-дерби или супер-дерби во Кичево меѓу Шкупи и Шкендија. Шампионот е казнет, па затоа овој натпревар се игра во Кичево. А е казнет поради се она што се случуваше на куп дуелот со Шкендија минатата есен, кога тетовци службено го добија со 0:3 по големиот инцидент кој беше предизвикан од страна на фановите на Шкупи.

Се разбира овој натпревар е прогласен за меч од висок ризик, а дали на него ќе има и гостински фанови, оние на Шкендија, допрва ќе се знае.

На останатите мечеви се среќаваат: Брегалница – Скопје, Победа – Работнички, Македонија ЃП – А. Пандев и Тиквеш – Струга ТЛ.

Тимот на Силекс е слободен.

ПретходноРамос: Се тргна наопаку кога го напуштив Реал!
СледноТФТ го доби Куп-трофејот во трајна сопственост!