Пријателска во Анталија: Силекс поразен од Торпедо Куташи!

201

Денеска во Анталија фудбалерите на Силекс во последната своја контрола, беа поразени од Торпедо Куташи со 1:2. Голот за кратовци бил дело на новајлијата Марко Ѓорѓиевски. Според извештаите од таборот на Силекс од Анталија, кратовци одиграле сосема добар натшревар против грузискиот тим, имале и неколку шанси па и зицери, но сепак на овој натпревар биле поразени.

Како што веќе напоменавме, ова беше последната пријателска средба на Силекс во Анталија, експедицијата на кратовци утре се враќа во Македонија.

Познато е дека четата на стратегот Горазд Михаилов во првото пролетно коло, кое е закажано за во недела, е слободна.

ПретходноФерари го претстави „СФ-23“ болидот за претстојната сезона во Ф1! (ВИДЕО)
СледноРамос: Се тргна наопаку кога го напуштив Реал!