Италијанска Салернитана по поразот од Верона ќе го смени тренерот. „Спортмедиасет“ објави дека Давиде Никола ќе добие отказ, а на негово место пристигнува португалскиот стратег, Пауло Соуса.
Португалецот е подготвен да се врати во Италија по неговото искуство во Фиорентина во сезоните 2015-17. Според информациите, тој постигнал договор со раководството на Салернитана до јуни 2023 година, со продолжување на уште две години ако успее да го спаси клубот од испаѓање.
Официјалното објавување на промената се очекува денеска или најдоцна утре, кога Соуса ќе пристигне во Салерно.